Информирај се колкава е твојата пензиска заштеда.
Одбери го твојот пензиски фонд:

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224229, www.mapas.mk

ВО КОЈ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПЕНЗИСКИ ФОНД СУМ?

Осигурениците кои прв пат пристапуваат во задолжително пензиско и инвалидско осигурување по 1 јануари 2019 година и на датумот на пристапувањето се помлади од 40 години, должни се да се зачленат и да плаќаат придонеси во задолжителен пензиски фонд по сопствен избор се додека имаат својство на осигуреник во задолжителното пензиско и инвалидско осигурување.


Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија времено ги распределува овие осигуреници во задолжителен пензиски фонд од денот на нивното пристапување во задолжително пензиско и инвалидско осигурување. Времено распределените осигуреници имаат можност да изберат во кој задолжителен пензиски фонд ќе се зачленат со склучување на договор за членство. Времено распределените осигуреници кои нема да потпишат договор за членство во рок од три месеци од датумот на пристапување во задолжителното пензиско и инвалидско осигурување, по истекот на тој рок, стануваат трајно распределени членови на задолжителниот пензиски фонд во кој биле времено распределени.


За да дознаеш во кој пензиски фонд членуваш, контактирај го МАПАС на: contact@mapas.mk.

Исклучоци

Осигурениците на кои стажот на осигурување им се смета со зголемено траење и осигурениците кои остваруваат права под посебни услови од Глава VII од Закон за пензиско и инвалидско осигурување, немаат обврска за членување во вториот пензиски столб.

Осигурениците кои во текот на осигурувањето ќе добијат својство на осигуреник како индивидуален земјоделец, физички лица кои се регистрирани како вршители на самостојна дејност за трговија на мало на тезги и пазари или во текот на осигурувањето им се утврди стаж на осигурување со зголемено траење престануваат да бидат членови во вториот пензиски столб.


Осигурениците кои се во работен однос или самовработени лица со полно работно време и за кои е утврдено ослободување од плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување согласно со Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, не се задолжителни членови во вториот пензиски столб за период за којшто е утврдено ослободувањето од плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување.

Твоите средства во вториот столб се сигурни и управувањето со нив подлежи на строги законски прописи. Се акумулираат на твојата индивидуална сметка и потоа внимателно се инвестираат од твоето пензиско друштво, сѐ до остварувањето на правото на пензија. Постојат строги правила за инвестирање на средствата од пензиските фондови со кои се заштитуваат од евентуален пад на нивната вредност.

Дополнително, овие средства се целосно одвоени од средствата на пензиското друштво, се чуваат кај банката – чувар на имот и се наменети за исплата на твојата пензија.

КАДЕ СЕ ИНВЕСТИРАНИ СРЕДСТВАТА НА МОЈОТ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПЕНЗИСКИ ФОНД?


Пензиските друштва Сава пензиско друштво а.д. Скопје и КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје, под надзор на Агенцијата за супервизија за капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), инвестираат во различни финансиски инструменти, како и во акции на профитабилни домашни и светски компании меѓу кои и познатите Apple, Microsoft, BMW, Siemens, Airbus, Алколоид, Прилепска пиварница и др.

*Извор за податоците за вредноста на нето средствата, сметководствената единица и структурата на инвестициите на задолжителните пензиски фондови се пензиските друштва.

Кои се резултатите од управувањето со средствата во задолжителните пензиски фондови?

Доколку си член на КБ Прв отворен задолжителен фонд или на Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд, може да избереш извештајот за пензиска заштеда да го добиваш на твојата е-пошта.


Посети некоe од продажните места во експозитурите на Сава Осигурување, НЛБ банка АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје КБ Прво пензиско друштво, или дојди во седиштето на твоето пензиско друштво и пополни формулар за начин на известување во присуство на овластено лице/агент на Друштвото.

Најверојатно твоите лични податоци не се ажурирани и затоа не ти стигнува зелениот плик. Ажурирај ги личните податоци денес и добивај го редовно извештајот за пензиска заштеда.

Доколку ја имаш доставено твојата електронска пошта до твоето пензиско друштво, имаш можност за електронско ажурирање на твоите лични податоци. Само најави се на веб-страницата на твоето пензиско друштво и внеси ги промените.

Доколку немаш онлајн-пристап до твојата пензиска сметка, посети некоја од експозитурите на Сава Осигурување НЛБ Банка АД Скопје или Комерцијална банка АД Скопје КБ Прво пензиско друштво и пополни писмено Барање за ажурирање на лични податоци.

Можете да доставите пополнето Барање (образец пропишан од МАПАС) за ажурирање на податоци по пошта до Вашето пензиско друштво. При вакво ажурирање на податоци ќе бидете контактирани од Друштвото со цел утврдување на идентитетот на испраќачот на Барањето, при што телефонскиот разговор ќе се снима.

Ажирирањето со телефонски повик до Сава пензиско друштво на 02/15500 и КБ Прво пензиско друштво на 02 /32 43 777. Во согласност со регулативата со телефонски повик е дозволено ажурирање единствено на адреса на живеење и/или адреса за коресподенција. При вакво ажурирање ќе се изврши идентификација на членот при што телефонскиот разговор ќе се снима.

ДАЛИ ЌЕ ГО ИЗГУБАМ ПРАВОТО НА ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ВТОР СТОЛБ АКО ГО ИЗГУБАМ МОЕТО РАБОТНО МЕСТО И ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СО МОИТЕ СРЕДСТВА?

Доколку останете без работа Вие не го губите правото на членство во втор столб, Вашите средства и понатаму се инвестираат и при повторно вработување уплатата на придонеси продолжува на истата индивидуална сметка во пензискиот фонд каде и претходно сте биле член.

Доколку не си го знаеш корисничкото име, провери го во годишниот извештај што го добиваш во зелен плик или на твојата е-пошта или, пак, јави се директно во твоето друштво. Доколку не ја знаеш својата лозинка, може да ја ресетираш преку опцијата заборавена лозинка на веб-страницата на твоето пензиско друштво.

Извештајот е приказ на состојбата на твојата индивидуална сметка во пензискиот фонд преку сметководствени единици. Пример:

Доколку имаш уплата од 1.000 денари како придонес, по пресметка на влезна провизија од твоето Друштво (во моментот влезна провизија е 2,5%) ќе се добие нето уплата од 975 МКД. Нето уплатата се конвертира на датумот на уплата во сметководствени единици. Доколку вредноста на сметководствената единица на датумот на уплата е 100 МКД, тоа значи дека имаш 9,75 сметководствени единици. Секој осигуреник за време на својот работен век собира сметководствени единици кои служат за пресметка на состојбата на неговата пензиска сметка и од чија вредност ќе зависи висината на пензијата.

По извесно време, доколку сметководствената единица се зголеми на 110 МКД, состојбата на твојата сметка ќе изнесува 1072,5 МКД (9,75*110=1072,5 МКД).


Подетално објаснување тука.

ШТО Е СМЕТКОВОДСТВЕНА ЕДИНИЦА?

Просечна вредност на сметководствена единица на задолжителните пензиски фондови

Вие како осигуреник, за време на вашиот работен век преку вашите пензиски придонеси кои се уплатуваат во приватните пензиски фондови собирате сметководствени единици кои служат за пресметка на состојбата на вашата пензиска сметка. Сметководствена единица претставува пропорционален дел во вкупните нето средства на пензискиот фонд и има вредност која може да расте, но и да паѓа. Вредноста на сметководствената единица зависи од вредноста на инструментите во кои инвестираат пензиските друштва (депозити, обврзници, акции, етф), a oд вредноста на сметководствените единици ќе зависи и висината на вашата пензија. Како резултат на успешното работење на пензиските фондови и нивното инвестирање, од почетокот на работењето до 30.09.2018г. сметководствената единица имаше просечен раст од 5,64%.

*извор: Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување: www.mapas.mk

Можеш да преминеш во друг задолжителен пензиски фонд кој го управува друго пензиско друштво.

За да преминеш од еден во друг задолжителен пензиски фонд, треба да потпишеш договор за премин и изјава за согласност за премин. Доколку членството во постојниот фонд е пократко или еднакво на 720 дена, треба да платиш надоместок за премин, а доколку периодот на членство е подолг од 720 дена, преминот е бесплатен.

Третиот столб е доброволен и во него може да штедиш доколку сакаш по пензионирањето да го задржиш квалитетот на живот што сега го водиш.

Висината на средствата што ќе ги уплаќаш и динамиката на уплатата сам ги одредуваш. Сѐ што ќе заштедиш ќе биде акумулирано на твојата доброволна пензиска сметка и тие средства ќе може да ги подигнеш најрано 10 години пред стекнувањето на правото на старосна пензија.


Пресметај ја твојата потенцијална заштеда:


Пресметај Сава пензиско друштво

Пресметај КБ Прво пензиско друштво

Средствата од вториот столб може да ги подигнеш од твојата индивидуална сметка кога ќе оствариш право на старосна пензија, односно на 64 години возраст за мажи и 62 години возраст за жени, со минимум 15 години работен стаж. Доколку не стекнеш право на старосна пензија, средствата од вториот столб може да ги користиш откако ќе наполниш 65 години и тие може да ти бидат исплаќани:

  • Еднократно или
  • Во вид на пензија само од средствата од 2 столб, доколку пензијата е поголема или еднаква на 40% од најнискиот износ на пензија на денот на остварувањето право на пензија од втор столб.